0 коментари 2 мин. читање 28 февруари, 2012

Никој не го користи Google+

Според последните мерења на ComScore, просечниот корисник на Google+ поминува 3,3 минути на друштвената мрежа, што е пад за 1,5 минути од декември кога корисниците поминувале по 4,8 минути.

Wall Street Journal го опишува Google+ како виртуелен град со духови, каде што за разлика од Facebook корисниците кои поминуваат над 7 часови, корисниците на Google+ поминуваат просечно три минути од септември до јануари.

Во контраст на овие бројки, Лери Пејџ, главниот извршен директор на Google тврди дека Google станал силна конкуренција на Facebook, со 90 милиони нови корисници уште од јунското лансирање. Но, овие бројки на Google+, посебно бројките на нови регистрации, не ја отсликуваат вистинската корисничка ангажираност и интерес затоа што Google бара регистрација на нивната друштвена мрежа кога ќе направите сметка на Google.

Во овој контекст изјавата на Лери Пејџ за 90 милиони нови корисници добива друга перспектива, посебно во однос на интересот на корисниците навистина да ја користат друштвената мрежа на Google. Со тоа што Google поседува многу клучни сервиси како YouTube и Gmail, секој нов корисник на Google+ може едноставно да има потреба да ги користи само тие сервиси, а да нема никаков интерес во нивната друштвена мрежа.

Времето ќе покаже точно колку е успешен Google+ и дали оваа тактика на Google ќе биде како успешна.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top