Исто како со декодирањето (jailbrake) на iPhone од страна на хакерите и потоа оневозможувањето на тоа декодирање од страна на Apple со следната верзија на iOS, сега се случува мачка и глушец брканица со Siri, гласовниот асистент на Apple кој без декодирање е овозможен само на новиот iPhone 4S. Целта на хакерите сега е да го овозможат Siri на уреди што официјално не го поддржуваат, а кои сепак имаат доволно јак хардвер за да работи Siri, како на пример iPad 2 или iPhone 4.
Првиот поголем чекор напред за хакерите беше алатката Spire преку која може да се користи Siri на неподдржани уреди, но само ако го имате специфичниот код од iPhone 4S што е добар само неколку дополнителни уреди. Одеднаш тие кодови почнаа да се даваат на огласи за луѓе да ги купат затоа што количината на неподдржани iPhone мобилни што можат да се закачат на еден од тие кодови беше ограничена. Тоа беше единствената бариера за користење на Siri на неподдржани уреди, а сега доаѓа и следната во форма на конкретно оневозможување на Spire алатката од страна на Apple.
Како и секогаш кога има доволно голем број на корисници што имаат потреба од некоја специјална функционалност која не е присутна во ванила верзијата на софтверот, наскоро можеме да очекуваме да се заобиколи ова оневозможување на Spire.
Но, ако не ви се чека, и сакате да имате гласовен асистент уште сега, Vlingo е одлична алтернатива, што е и бесплатна, а функционира и на постари, не декодирани iPhone уреди. Воедно преку Vlingo можете да си го ажурирате статусот на Facebook или Twitter со користење на вашиот глас.
џеилбрејк – отклучување на софтверот.
Jailbreak – otklucuvanje
Подобро да остане џејлбрејкување како термин (а во заграда да се објасни со неколку збора), отколку термин како декодирање кој погрешно го означува процесот кој не може да се преведе со еден збор, а се однесува на отстранувањето на забраните кои ги има направено Apple на неговиот iOS за да се добие root пристап до уредите и со тоа да можат да се се инсталираат апликации кои ги нема одобрено Apple да се најдат во AppStore.
Исто како рутирањето на Android уредите, кое во никој случај не е „декодирање“. Во мобилната технологија, „декодирање“ се однесува на процесот на „ослободувањето“ на уредите кои се кодирани да работат само на одредена мрежа на мобилен оператор.
Затоа е збунката.
"однесува на отстранувањето на забраните кои ги има направено Apple на неговиот iOS за да се добие root пристап до уредите и со тоа да можат да се се инсталираат апликации кои ги нема одобрено Apple да се најдат во AppStore. "
Oва би била многу долга заграда. Мислам дека е доволно како што е напишано во првата реченица, бидејќи декодирање за да се овозможи пристап до друга мрежа или декодирање за да се овозможи пристап до други аликации се разликуваат по контекстот.
Џејлбрејкување не е декодирање.
… ами? Предлог кој збор да се искористи за тоа? „Џејлбрејкување“ не е баш јасен термин, декодирање е малку појасен бидејќи дообјаснува процес.