1 коментар 1 мин. читање

И три години подоцна, вашите избришани Facebook фотографии можеби се уште постојат

Постои можност вашите избришани фотографии од Facebook да бидат уште видливи од луѓе кои имаат линк до нив. Facebook вели дека закачените слики „не се бришат секогаш од мрежите за пренос на содржината во соодветен период иако тие се веднаш тргнати од сајтот“.

Овој проблем постои веќе три години, од 2009-та година. Според друштвената мрежа, проблем е стариот систем кој не работел како што треба. Facebook работи на нов систем кој ќе брише фотографии веднаш по корисничката активност.

„Работиме на тоа да ги пренесеме вашите фотографии на понови системи кои ќе се осигураат дека фотографиите се целосно избришено по 45 дена од барање за нивно бришење. Овој процес е скоро готов и има уште мал процент фотографии кои се сè уште во стариот систем и чекаат миграција.“, вели портпаролот на Facebook, Фредерик Воленс за ArsTechnica.

Според полисата за приватност, Facebook вели дека содржината е ваша, но оваа грешка го покажува токму спротивното и го поставува прашањето – ако се откажете од содржината, а таа остане на серверот тогаш кој го има правото на неа?

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top