0 коментари 1 мин. читање

Една полиса за приватност за сите Google продукти

Наместо 60 документи за како Google се справува со корисничката приватност за сите различните продукти, сега ќе има само една главна полиса. Најважната промена во полисата ќе биде тоа што Google Аccounts ќе биде заеднички за сите продукти.

„Нашата нова Полиса за приватност јасно кажува дека, откако ќе се логирате, дека ќе ви ги собереме информациите што сте ги дале од еден сервис со информации од сите други сервиси. На кратко, ќе ве третираме како еден корисник за сите продукти, што значи поедноставно, поинтуитивно Google искуство.“

Пример за ова „поинтуитивно искуство“ е новата опција за персонализирано пребарување која ги комбинира личните податоци од друштвената мрежа Google+ и пребарувањето.

Друга цел на новата главна полиса е да објасни на поедноставен начин кои кориснички информации ги собира Google и како ги користи. Дополнително, ова е и одговор на барањето на регулаторите од САД и Европа кои велат дека сите сервиси кои работат со лични информации мора да имаат едноставни и разбирливи полиси за приватност. Google вели дека другите 60-те полиси од различните сервиси ќе останат само поради легални причини.

Главната полиса ќе стапи на сила од 1-ви март 2012.

[youtube]KGghlPmebCY[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top