3 коментари 2 мин. читање

Вселенски Хакери: група хакери ќе лансираат свои сателити во вселената

Како реакција на неодамнешните обиди за цензурирање на комуникацијата преку интернет во САД, попознати како SOPA, група хакери излегоа со предлог за ослободување на Интернетот. Во типично хакерски стил да се размислува „надвор од кутијата”, решението на проблемот со цензурата тие го гледаат во Вселената. Нормално не се работи за зелени вонземјани, туку за практично решение на проблемите што се јавуваат кога интернационалната глобална мрежа на дигитална комуникација е контролирана од големи компании чиј што главен мотив им се пари.

Основната шема за како овој систем би функционирал, беше првпат презентирана на Chaos Communication Congress во Берлин. Хакерот Ник Фар, кој прв започна да бара поддршка од луѓе за овој проект тврди дека главниот мотив на проектот е во основа знаење, велејќи дека треба да и се даде шанса на науката да се развива.

Нивната идеја, позната како „Hackerspace Global Grid“, е да се постави мрежа од ефтини земјени станици кои можат да се изградат од индивидуалци и кои ќе го ловат сигналот и ќе комуницираат со сателитите. Хакерите велат дека ќе користат модифициран и инвертиран GPS систем што ќе го реши проблемот со лоцирање на сателитите во Вселената, притоа подобрувајки го сигналот, што е ефективно и евтино решение без потреба од мултимилионска опрема што е на располагање кај големите корпорации. Според хакерите, технологиите со кои сега функционираат сателитите за комуникација е застарена централизирана технологија која не се развива доволно брзо и не се добиваат доволно добри резултати, а најважно, таа лесно се манипулира за да се оневозможи потполна слобода на говорот.

Целата инфраструктура за реализација на овој проект се планира да биде што е можно поевтина за да може со ограничениот буџет акумулиран непрофитно, потполно да се изведе една независна, дистрибуирана глобална мрежа за комуникација која ќе може да се одбрани од напади и обиди за контрола.

Првите три прототипи на земјените станици за следење на сателитот ќе се појават во првата половина од 2012 година, и најверојатно ќе бидат претставени на следниот Chaos Communication Congress.

[youtube]iuwkzNjaPwc[/youtube]

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top