5 коментари 1 мин. читање

Над 12.000 Facebook фанови сакаат „Е-книги на Македонски“

За само две недели од стартувањето, Facebook страната „Е-книги на Македонски“ привлече 12.796 фанови заинтересирани да си симнат е-книга.

Facebook страната не е стартувана од книжарница или издавач, туку се чини дека е стартувана од љубител на книги кој ги собира линковите до електронските изданија на книгите од разни македонски автори, или книги врзани со Македонија. Од објавената листа може да се види дека има доста избор, дури има и „C++ прирачник на македонски“. Сите е-книги се закачени на сервисите за споделување како Меgaupload, Hotfile, Scribd итн. Бидејќи поголемиот дел се во .pdf формат можат да се закачат и читаат и на таблет компјутер.

Тоа што е интересно е што страната „Е-книги на Македонски“ функционира како место каде корисниците можат и самите да споделат линк до е-книга. Тоа што ме интересира е дали може страната да профункционира како еден вид е-библиотека?

Според „побарувачката“, oдносно според барањата од фановите може да се види дека има заинтересирани луѓе за купување електронски книги. Oва може да биде интересен бизнис, посебно на македонскиот пазар за е-книги кој не е баш освоен од издавачите.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top