3 коментари 1 мин. читање

Apple: Siri нема да се најде на постари iPhone модели

Изминатиот период се појавија шпекулации дека говорниот асистент Siri би можел да се појави и на постаритe iPhone модели, меѓутоа инжинерите на Apple ги негираат овие шпекулации. Според нив, Siri е апликација која е ексклузивна само за iPhone 4S, модел кој содржи вграден микрофон кој ги прима командите и ги извршува.

Според инжинерите на Apple, компанијата не планира да го надгради оперативниот систем iOS 5.0.1 во верзија која ќе вклучува Siri, и со тоа не е планирана Siri поддршка за постари iPhone модели. Оваа одлука од страна на Apple е логична, бидејќи Siri е најголемата карактеристика со која iPhone 4S се разликува од останатие iPhone модели.

Иако мала е веројатноста Apple официјално да го вгради Siri во постарите iPhone модели, говорниот асистент веќе успеа неофицијално да се најде кај некои од нив. Оние кои не се грижат за гаранции, можат да се обидат да изнајдат начин како да го инсталираат Siri, бидејќи до сега се имаат појавено неколку случаи кои покажуваат дека такво нешто е возможно.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top