0 коментари 1 мин. читање

Angry Birds продолжува да руши рекорди

Финската компанија Rovio неодамна објави дека нивната најпопуларна игра Angry Birds до сега е преземена 400 милиони пати, а сега веќе објавува дека оваа бројка рипнала на 500 милиони преземања. Одговорното лице за маркетинг на Rovio, Питер Вестербачка, изјави дека Angry Birds е најпреземаната игра до сега и е на врвот веќе две години откако е лансирана.

Според видеото кое можете да го погледнете подоле, до сега се изиграни 266 милијарди нивоа, фрлени се 400 милијарди нервозни птици, и собрано 44 милијарда ѕвезди. Изиграни се 300 милиони минути дневно, и 109,5 милијарди минути годишно. Компанијата моментално вреди 1 милијарда долари.

Следната цел на компанијата е да стигне до цифрата од една милијарда низ цел свет, како на паметни телефони, така и на таблет и десктоп компјутери. Компанијата го проширува брендот на најразлични начини, од играчки до производи за бебиња, а наскоро се очекува да се сними и филм за нервозните птици. Rovio неодамна купи и студио за да креира кратки анимирани видеа, како и книга со разни рецепти од јајца.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Мени
Заедница
Изглед
To top