2 коментари 1 мин. читање

Мини компјутер во форма на бизнис карта и цена од 200 денари

Џорџ Хилиард е човек кој успеа да направи мини компјутер во форма на бизнис карта.

По цена од само 3 долари, Џорџ успеал да се здобие со испечатена плоча и да го смести Allwinner F1C100 чипот кој се одликува ем со ARM9 процесор ем со 32MB RAM.

Во визитката, Џорџ има сместено Linux 5.2 kernel, неколку апликации и игри, но и неговото резиме. За да можете да започнете со работа, потребно е да ја поврзете бизнис картата на кој било копјутер со USB порт. Оперативниот систем стартува за импресивни шест секунди.

Ова не е првпат некој да го искористи дизајнот на визит картата за да направи нешто друго.

Визитка која е и музички инструмент, дело на Тим Ален Џејкопс
Кога не знаете дали нешто навистина ќе се случи. :)
Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top