1 коментар 2 мин. читање 1 ноември, 2011

HTC нема да произведува ефтини паметни телефони

Неодамна се појавија шпекулации дека HTC ќе започне да испорачува ефтини паметни телефони чија цена ќе се движи под 100 долари. Таа шпекулација е веќе отфрлена од страна на главниот човек за финансии во HTC, Винстон Јунг, кој изјави дека тајванската компанија нема да испорачува ефтини паметни телефони бидејќи не произведуваат производи со низок квалитет.

Овој одговор доаѓа откако тајванските медиуми ја цитираа претседателката на HTC, Шер Ванг, која има изјавено дека компанијата ќе претстави ефтини паметни телефони за да го прошири својот пазар. Винстон Јунг нагласи дека овие ефтини паметни телефони во никој случај нема да бидат под 100 долари, туку ќе се движат помеѓу 200 и 250 долари.

Покрај ова, Винстон Јунг, исто така изјави и дека очекува профитот во четвртиот квартал да изнесува некаде околу 125 милијради долари, што е помалку од третиот кога заработката изнесуваше 135 милијарди долари. Исто така и испорачката се очекува да биде намалена, од 13,2 милиони уреди во третиот квартал на 12-13 милиони уреди во четвртиот квартал.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Анонимен
Анонимен
14 years ago

еФтини. Come on, seriously?

Мени
Заедница
Изглед
To top