Чувајте ги лозинките со NordPass

NordPass е менаџер за лозинки. Како таков, менаџерот ги памети бројните лозинки кои ги користите низ сајтовите и успешно ги сервира во соодветни ситуации. Со оглед на тоа дека доаѓа од тимот заслужен за NordVPN, се работи за исклучително способен менаџер за лозинки.

На располагање имате и верзија за мобилен телефон, но и десктоп верзија. И двете верзии значително се разликуваат една од друга и доаѓаат со малку поразлични опции. За жал, NordPass најдобро функционира доколку се претплатите. Претплатата започнува од 2.5 долари месечно, но ценатата на користењето е пониска доколку решите да одите на, да кажеме, дво-годишна претплата.

NordPass функционира за скоро сите прелистувачи и нема да имате никакви проблеми доколку користите Chrome, Edge, Opera, или Firefox. Податоците се складираат во безбедносен трезор, а, за подобра заштита, се нуди и дво-насочна автентикација (2FA).

Интересно е тоа што овој менаџер за лозинки може без проблем да ги извлече лозинките и од други менаџери, автоматски ги вметнува онаму каде треба. Секојпат кога креирате акаунт на некој нов сајт, NordPass ви нуди автоматско создавање на исклучително тешки лозинки, нешто што навистина ви препорачуваме да го користите. Доколку сакате, можете да складирате во трезорот и приватни документи, или информации за вашите кредитни картички.

Бесплатната верзија на NordPass ви дозволува работа на само една направа, но платежната е за до шест направи и со опција за споделување најавувања со контакти на кои им верувате.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk