0 коментари 1 мин. читање

Упс! Го затворив прозорецот…

{mosimage}На секого му се има случено по грешка да затвори некој прозорец кој навистина му е потребен а кој не дава дополнителна порака дека сте на чекор да го затворите. Мене лично ми се има случено многу пати. Решението го пронајдов во една малечка апликација која ви овозможува да го оневозможите копчето за затворање на прозорецот, односно X-от горе десно. Оваа Windows апликација е многу лесна, и се активира/деактивира со едноставно притиснување на CTRL + 1 (копчињата можат да се променат).

Со NoClose – апликација која не бара никаква инсталација, тежи само ~200 кб, можете да работите спокојно во било кој прозорец без помисла дека случајно ќе го штракнете Х копчето и дека ќе ја загубите е-маил пораката која ја пишувате, документот (во Word, Notepad нема потреба од користење на ваков програм бидејќи излегува известување пред да затворите) или слично.

{mosimage}

Апликацијата е достапна преку сајтот на Donation Coder.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top