Супер скапи систем за препознавање ликови може да се измамaт со маски и фотографии

во Свет

Системот за препознавање на лица како мерка на безбедност би требало да понуди поголема безбедност. Ова за жал не е случај. Компанијата Kneron работи со вештачка интелигенција и сподели резултати дека квалитетни 3д-маски за препознавање на овие системи.

Успешно ја измамија заштитата на Alipay и WeChat и со овие маски успеаја да авторизираат плаќање и да купат производ. Она што е и пострашно дека за дел од системите за заштита е потребно единствено фотографија. Тимот на Kneron успеа да ги измами сензорите на најголемиот аеродром во Холандија и на железнички станици во Кина, пишува Fortune.

Со помош на маска изработена врз база на лик кој им бил познат на системите, безбедносните експерти успеаја да ја платат на терминалите на Alipay и WeChat.

Аеродромот во Шипхол, во Амстердам, Холандија има самостоен бординг. Безбедносните експерти успеале да го поминат терминалот со фотографија на паметен телефон. На кинеските железнички станици за патувањето може да се плати со препознавање на лик, слично како во Холандија, и во Кина успеале да го измамат системот, да купат карта и да се качат на воз.

Сепак нема причина за паника, овие безбедносни тестови се само показател зошто препознавањето на лик не може да биде единствена мерка за безбедност. Во секој од овие примери препознавањето на ликовите е дополнителна мерка на безбедност. На пример за апликациите за плаќање потребно е да се внесе личниот 8 цифрен код за отклучување, а на железничките станици потребно е легитимирање со лични карти.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments