0 коментари 1 мин. читање

Manchester City e првиот англиски клуб кој започна соработка со YouTube

Фудбалскиот клуб Manchester City е првиот англиски премиерлигаш што потпишува ексклузивен договор со YouTube, со кој клубот има целосна контрола врз видеата кои самите ги креираат и врз кои имаат авторски права, a исто така имаат и контрола врз маркетингот на нивниот официјален YouTube канал.

Првото официјално видео закачено на официјалниот YouTube канал на Manchester City, на кое има како францускиот фудбалер Самир Насри потпишува за клубот, во рок од три дена има собрано над 500.000 прегледи. Продукциската куќа на фудбалскиот клуб, CityTV, има снимено над стотина видеа за официјалниот веб сајт, и овие видеа исто така ќе бидат закачени и на офицiјалниот YouTube канал na Manchester City.

За жал на каналот нема да има снимки од фудбалските натпревари поради ограничувања во правата за пренос, но затоа ќе има голем број на видеа со забавни содржини поврзани со фудбалскиот клуб. Овој договор со YouTube е дел од дигиталната кампањата на Manchester City, за што поголема промоција на овој фудбалски клуб. Како предвесник соработката со YouTube беше минатогодишниот отворен тренинг на Machester City, кој во живо беше стримуван на Facebook.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Мени
Заедница
Изглед
To top