Nielsen, компанија која се занимава со истражување на навиките на потрошувачите, во својот нов извештај откри дека во изминатите три месеци продадени се дупло повеќе Android телефони отколку iPhone телефони.
Според Nielsen, во САД во изминатите три месеци, од jуни до септември, од вкупниот број на продадени паметни телефони, 58 отсто биле Adroid уреди, додека 28 отсто од продадените уреди биле или iPhone4 или iPhone 3GS. Од вкупниот број на продадени паметни телефони во дадениот период само 9 отсто биле BlackBarry. Според застапеноста на оперативниот систем во август, 43 отсто од паметни телефони користат Android, 28 отсто iOS, а 18 отсто BlackBerry.
Покрај тоа што Android има предност пред iPhone, сепак треба да се земе во предвид фактот дека iPhone е само еден телефон од еден произведувач, додека Android може да се најде на голем број модели од неколку производители. Па доколку се согледа овој факт, тогаш лесно може да се заклучи дека iPhone всушност носи далеку поголем приход за Apple отколку Android телефоните за било кој произведувач. Плус, новиот iPhone ќе придонесе за уште поголем финансиски раст на Apple.







