HP го отпушти вториот CEO за две години, сега Мег Витман oд eBay е на кормилото

во Свет

На местото на Лео Апотекер, кој беше на функција извршен директор во Hewlett-Packard само 11 месеци и кој е отпуштен поради недоверба од бордот и инвеститорите, сега е поставена милијардерката Мег Витман. Нејзината задача ќе биде да ги убеди инвеститорите дека компанијата е во ред, иако веднаш по поставувањето акциите на HP паднаа на најниска вредност во последните шест години.

За познавачите, стравот на инвеститорите лежи што г-ѓа. Витман е потрошувачки ориентирана, нејзиното искуство лежи во промовирање на eBay, што нема да биде корисно за корпорациски ориентираните HP. Моментално HP се наоѓа во чудна транзиција, се откажаа од креирање на webOS мобилни телефони и таблет компјутери, а во истиот период најавија и дека ќе ја купат софтверската компанија Autonomy за 10 милијарди долари, што јасно покажа дека се концентрираат на софтверот.

Според г-ѓа. Витман, сите претходни стратегии, откажувањето од webOS и аквизицијата на Autonomy, ќе продолжат според планираното.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments