Аdobe го претстави Flash Media Server 4.5 кој ќе им помогне на дистрибуторите на содржина да овозможат Flash видео како на останатите мобилни уреди, така и на iPhone и iPad.
Серверот работи така што ја препакува содржината во реално време и го променува протоколот да одговора на уредот, пример HTTP Dynamic Streaming или HTTP Live Streaming кои се компатибилни со iOS уредите. Целиот процес на стримањето на содржина не зависи од процесорот на уредот, што значи нема да ја троши процесорската моќ и батеријата, што според Apple е најголемиот проблем зошто го игнорираа Flash.
Иако Adobe со ова ќе допринесе да се дистрибуира видео содржина на iOS уредите, сепак Flash игрите, анимациите и рекламите нема да работат. Барем не во моментов.
Adobe Flash Media Server е достапен на издавачите за 4.500 долари.







