Apple доби втор патент за користeње на соларна енергија

во Свет

На Apple му е одобрен уште еден патент за технологија која ќе овозможи уредите да се полнат со соларна енергија.

Apple има вкупно два одобрени патенти за користење на соларна енергија, и пет барања кои чекаат одобрувања. Патентите содржат технологија со која мобилните уреди ќе се полнат или со вградени соларни ќелии или со други кои ќе се додаваат на уредот. Патентот кој му беше одобрен на Apple, од сликата подолу, содржи алгоритми и шеми за како може да се следи и контролира енергијата во мобилните уреди, користејќи конвертор на волтажа и контролер.

Доколку Apple ја развие соларната технологија тоа ќе му даде огромна предност пред конкурентите, бидејќи уредите не само што ќе бидат „зелени“, односно еколошки, туку ќе овозможи полесно да се полнат и батеријата да трае подолго.

Тоа што е интересно со овие соларни патенти, е што Apple веќе започнува да бара компании кои се занимаат со соларна технологија за да ги вклучи како свои соработници при производство на уреди. Како што пишува 9to5Mac „ова значи дека Apple не размислува дали ќе прави продукти со соларни панели, туку веќе размислува кој да ги прави истите“.

(via Patently Apple)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments