Доколку сакате да учите да кодирате, но не знаете од каде попрво да почнете, тогаш веб апликацијата Codeacademy би можела да ви помогне во врска со тој проблем. Благодарение на Codeacademy нема да има потреба да ги полните полиците со книги за програмирање, голем број од кои само ќе ве исплашат и нема ни да ги прочитате.
Codeacademy е интерактивен сајт кој ве учи да кодирате користејќи едноставни предавања, a ве мотивира давајќи ви беџови. Интерфејсот е едноставен и забавен за користење, а најдоброто од сé e тоа што Codeacademy е бесплатна апликација. Моментално оваа веб апликација содржи само воведен курс наречен Getting Started with Programming. Интересно е тоа што веб апликацијата е направена да биде друштвена, па така можете да учите заедно со вашите пријатели, и благодарение на беџовите можете и да се натпреварувате кој е подобар.
Доколку сте искусен програмер и сакате да допринесете во развојот на предавањата, веб апликацијата ви нуди можност да се приклучите и да креирате ваши лекции. Според креаторите на Codeacademy моментално се пријавиле околу 200 програмери кои сакаат да придонесат со свои лекции. За неколку месеци се очекува веб апликацијата да располага со со неколку стотици лекции во наредните неколку месеци.
Без разлика дали сакате да бидете програмер или не, Codeacademy е одлична алатка доколку сакате да имате основно познавање од програмски јазици.







