0 коментари 2 мин. читање

GameSpot ви овозможува да играте бесплатни демо верзии преку интернет

Интернет порталот за видео игри GameSpot во своите рецензии за игри започна да нуди и можност читателите да ги испробаат и нивните демо верзии. Оваа нова опција која нуди бесплатно играње на демо верзиите е овозможена од страна на сервисот за онлајн играње видео игри OnLive. Демо сервисот на GameSpot ќе биде достапен за околу 100 игри, а се очекува таа бројка да биде поголема.

GameSpot е еден од најголемите интернет портали за видео игри, и новата опција за стримање демо верзии ќе им овозможи на читателите да ги испробаат игрите пред да ги купат. Оваа опција е одлична бидејќи напишаната рецензија не ви овозможува точно да дознаете како изгледа играта се’ додека сами не ја испробате. Исто така се’ e до вкусови, доколку на рецезентот не му се допаѓа играта, на вас можеби би имала сосема спротивен ефект. Доколку сакате да ја испробате новата опција на GameSpot, достапни се демо верзии на игрите Red Faction: Armagedon, Homefront и Borderlands, но за да ги играте нивните демо верзии треба да инсталирате посебен плагин од сајтот на OnLive.

OnLive e платформа која ви овозможува да играте целосни видео игри кои се стримуваат од сервери на вашиот компјутер, се’ што ви треба е интернет конекција. Добрата работа со оваа платформа е тоа што можете да ги играте најновите игри без да се грижите дали вашиот компјутер ги задоволува потребните критеруми кои овие игри ги бараат. OnLive ви овозможува да се претплатите или да изнајмувате игри. Па така доколку ви се допаѓаат некои од демо верзиите, OnLive ви овозможува целосно да ги изнајмите.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top