2 коментари 1 мин. читање

Таблет компјутерот на Amazon може да му конкурира на iPad, вели Forrester Research

Според аналитичар во компанијата за истражување Forrester Research, Amazon во четвртиот квартал би можел да продаде повеќе од пет милиони таблет компјутери и да стане најголемиот конкурент на Apple и на нивниот iPad. Оваа бројка е навистина импресивна со оглед на фактот дека Apple во првите три месеци од лансирањето на iPad-от успеа да продаде само три милиони уреди.

Според Сара Ротман Епс, аналитичар во Forrester Research, причина за можната успешност на таблет компјутерот на Amazon би се должела на лесно достапната цена, која би требало да се движи под 300 долари, и, бидејќи стартувањето би требало да биде на почетокот од oктомври, ќе успее да ја фати празничната еуфорија. Покрај овие причини, Amazon е веќе докажан бренд кој е одлично позициониран, нуди одлична содржина, има одлична инфраструктура на облакот, и е комерцијално многу успешен.

Во јули беше најавено дека Amazon работи на таблет компјутер базиран на Android, и според извештаите најверојатно ќе има 9 инчен екран, и ќе биде даден акцент на преземање на е-книги, филмови и музика. До сега, таблет компјутерите базирани на Android имаат само 20% од пазарот, и до сега ниту еден Android таблет компјутер не успеал финансиски да се покаже, вклучувајќи ги и Motorola Xoom и Samsung Galaxy Tab10.1.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top