И покрај тоа што на ЕА Games финансиската состојба им е одлична, маркетинг, дизајнерите и прогамерите веќе размислуваат за идните проекти. Освен веќе најавените хит игри Battlefield 3, SW The Old Republic, Mass Effect 3 како и новиот наслов од дизајнерите на Portal кој се очекува да биде претставен на PAX, во ЕА се спремни да се вратат и на постарите игри. За време на Gamescom во интервју за CVG, Френк Гибо ја истакна решеноста за оживување на неколку постари хитови.
ЕА ги обнови правата на интелектуална сопственост за неколку свои наслови помеѓу кои: стратегиите Populus и Theme Park, а скоро истовремено ги купија и правата за уште една хит стратегија Alpha Centauri која своевремено го имаше потписот на Сид Маер. Освен за овие игри ЕА ги обновиа правата за култната вселенска симулација Wing Commander и мототркачката симулациjа Road Rash. Покрај овие игри веќе подолго време во ЕА се подготвуваат да ја реиздадат и Syndicate на која работат заедно со шведското студио Starbreeze игра зо која правата ги имаат од 2009 година. Соработката со Starbreeze ја започнаа уште во 2008.

Тоа што радува е дека во ЕА сериозно го свати издавањето на култни наслови кои веќе имаат огромен број на фанови. Во интервјуто Френк Гибо објаснува дека сакаат да ги надградат култните игри, велејќи дека не смее ре-издавањето да се однесува на издавање на игрите со новите технологи кои се на располагање туку дека ќе мора да го сменат и гејмплејот кој според него мора да биде различен од пред 10 години.
По се изгледа дека прва од игрите која ќе дочека римејк ќе биде Syndicate со оглед на тоа дека веќе постојат скрипти од играта кои беа објавени на siliconera. Најавата за Syndicate е дека ќе биде издадена за PC,PS и Xbox, но со се почестото објавување на игри на Facebook и Google+ од страна на ЕА остава простор за уште едно место каде би можеле да ги сместат игрите, а тука секако спаѓаат и преносните конзоли и „паметните“ телефони. Неодамна ЕА го ребрендираше својот фејсбук гејминг дел од ЕА2D во BioWare San Francisco и им го остави и овие игри на развојниот тим на BioWare.
Морам да признаам дека вообичаено сум скептичен кога станува збор за ре-издавање на игри кои порано биле хитови, ама морам да признаам и дека постојат игри кои навистина заслужиле да бидат играни и денес. А најверојатно и би биле играни да не е до лошата графика, 8 битните звуци и некомпатибилноста со Windows. Постарите гејмери сигурно се сеќаваат на X-Wing, Tie Fighter, Baldur’s Gate, Planescape Torment или Wolfenstein игри кои поставија повеќе стандарди и секако би биле играни доколку се реиздадени. Така што се додека ЕА се држат до ветувањето дека ќе ги следат фановите би требало да имаат и успех.









Ајде јас чекам за C&Q Generals
„Еlectronic Arts ќе ги оживи старите хитови“
Мислите „оживее“?