Кога Nokia ја најави својата стратегија за освојување на светскиот пазар, покрај соработката со Microsoft за пазарот на паметни телефони, тие како втор дел од стратегијата го наведоа мобилниот пазар во развиените земји. Како што тогаш кажа финската компанија, тој пазар ја содржи „следната милијарда корисници“.
Nokia ги претстави двата модели 100 и 101 кои ќе чинат околу 20, односно 25 евра. 100 и 101 (ова ме потсетува на Застава 101 автомобилите кои се производуваа во поранешна Југославија и беа наменети за масите).
Најевтините телефони до сега, како што вели Nokia, ќе бидат со двојна SIM картичка, ќе имаат FM радио, mp3 плеер и ќе се со можност да се додаде 16 GB microSD мемориска картичка. Ќе бидат во црна и црвена боја. Двата модели ќе имаат пристап до Nokia Life Tools и Nokia Money (во Индија), кои се сервиси за информации за здравството, едукација, земјоделство, пари и забава.
Nokia 100 и 101 ќе се појават при крај на 2011-та.
[youtube]79Yov_60BJU[/youtube]







