Голем број од компаниите кои произведуваат разни веб апликации, своите производи ги прават околу друштвените мрежи, или измислуваат нови друштвени мрежи. Стартапот PowerInbox е исто така апликација која се занимава со друштвените мрежи, но од поинтересен агол.
PowerInbox е апликација која им овозможува на корисниците да користат друштвени мрежи внатре во нивниот e-mail профил. PowerInbox може да се користи во Gmail, Hotmail, Yahoo Mail, или Outlook, а сега за сега ги подржува само Facebook, Twitter и Groupon. Додека сте во вашиот имејл профил, можете да ја користите било која од овие друштвени мрежи на истиот начин како и кога сте на официјалниот веб сајт.
Кога ќе отворите порака од Facebook, апликацијата ќе ви овозможи да коментирате на постови, да гледате слики, и да гледате видеа внатре во пораката. Кога ќе отворите порака од Twitter, апликацијата ви овозможува да видите скорешни твитови, да твитате, и да следите други твитерџии. Со PowerInbox пораките од Groupon ви кажуваат уште колку време трае понудата, и дали е одобрена.
Наскоро се предвидува PowerInbox да вклучува многу други друштвени мрежи и апликации, како што се Flickr, Netflic, YouTube, eBay, Dropbox, LinkedIn, итн. Неколку инвеститори инвестираа околу 1,1 милион долари во PowerInbox, па оттука постои голема веројатност дека оваа апликација ви можела да биде многу успешна.
What is PowerInbox? from PowerInbox on Vimeo.
(via Mashable)







