Како подобро да се справите со стресот, анксиозноста, лошото расположение, и проблемите со спиење? Се чини дека нема едноставен одговор, но поставување на оваа прашање е сосема доволно за да се направи првиот чекор.
Every Ming Matters е британски веб сајт направен од војводите и војвотките од Кембриџ и Сасекс. Се работи за финален продукт од кампања која е замислена да понуди професионален совет за справување со некои, или сите, горе наведени проблеми.
Она што првин би ве советувале е да го одговорите краткиот квиз за подобро да се оцени вашата состојба. По квизот ќе добиете план кој се заснова на вашите одговори. Доколку некои предлози не ви се допаѓаат и сметате дека не се изводливи, ќе можете да ги замените со некои кои се полесно прифатливи за вас.
На располагање имате и бројни, практични совети, како и детали за тоа на што треба да внимавате и како правилно да препознаете одредено растројство. Сево ова се сервира во текстуална или видео форма.








