0 коментари 1 мин. читање

Проверете ги оперативните системи директно од прелистувачот со OnWorks

Сакате да проверите дали некој оперативен систем е за вас, но не ви се губи, време, нерви и енергија кое е потребно за негово инсталирање?

OnWorks би можел да ви помогне. Се работи за веб сајт кој ви дозволува целосно да проверите како функционираат најразлични оперативни системи директно од вашиот прелистувач. Едноставно кликнете тука и, преку OS Distributions, изберете дали сакате да биде емулиран оперативен систем од Fedora, Ubundu, Windows 10, PearOS или нешто друго.

Откако ќе изберете, добивате брз пристап до работната станица и лесно можете да заклучите дали оперативниот систем визуелно и функционално е способен да излезе во пресрет на вашите секојдневни потреби. Единствена забелешка упатуваме кон исклучително агресивното пласирање реклами кои доаѓаат од сите страни.

 

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top