Германскиот суд за патенти пресуди во корист на Apple и одобри прелиминарна наредба до европските царинарници да ги блокираат испораките на Samsung Galaxy Tab 10.1 во сите европски земји, освен во Холандија. Ова е уште една ваква блокада на Galaxy Tab, откако минатата недела беше блокирана испораката и во Австралија.
Apple најави дека ќе се обиде да ја вклучи и Холандија во забраната, додека Samsung најави дека ќе се обиде да ја тргне наредбата што е можно побрзо.
Apple го тужеше Samsung за прекршување на 10 патенти врзани паметните телефони и таблет компјутери, патени кои се за преносливост на податоци и безжична технологија, како и за копирање на дизајнот и функционалноста на iPhone и iPad.
Oва судска одлука може сериозно да му наштети на Samsung, но и на Google-овиот мобилен оперативен систем Android. Galaxy Tab 10.1 е еден од покомплетните Android таблет компјутери и е сериозен конкурент на Apple-овиот iPad. Samsung Galaxy Tab 10.1 само пред недела дена беше пуштен во продажба во Британија и други европски земји, и веднаш стана најбрзо продаваниот таблет компјутер по iPad. Сега истиот ќе мора да биде тргнат од продавниците.
(via Foss Patents)
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.