3 коментари 1 мин. читање

Најдете го вашиот изгубен Android телефон со Plan B

Доколку го изгубите вашиот паметен телефон, мали се шансите за негово пронаоѓање, а уште помали дека ќе се најде личност која би ви го вратила. Во тие моменти сигурно ќе си помислите дека сте требале да инсталирате апликација за следење на вашиот телефон, на жалост голем број на луѓе помислуваат на ова откако ќе го изгубат телефонот. За среќа, компанијата Lookout има направено апликација која ви помага да го најдете телефонот откако ќе го изгубите.

Станува збор за апликацијата Plan B, која откако ќе се инсталира на вашиот Gmail ќе ви прати порака која вели дека апликацијата го лоцира вашиот телефон, за веднаш потоа да добиете уште една порака која вклучува Google мапа покажувајќи ја локацијата на телефонот.

Во наредните 10 минути, Plan B ќе ви испраќа пораки за локацијата на телефонот. Доколку во тие 10 минути не го најдете телефонот, испратете порака со зборот „locate“ на вашиот телефон и процесот на лоцирање ќе се реактивира. За жал, Plan B нема да работи доколку вашиот телефон е исклучен, нема СИМ картичка, или доколку нема интернет конекција. Оваа апликација е бесплатна и можете да ја преземете од Android Market.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top