Adobe ја претстави алатката за анимација со HTML5, Adobe Edge

Adobe го претставувајќи својот најнов софтвер Adobe Edge чија цел ќе биде да овозможи дизајнирање на анимирана веб содржина користејќи HTML 5, CSS и JavaScript наместо Flash. Adobe знае дека иднината на веб сајтовите, особено за таблет компјутерите и мобилните, е во HTML 5, и затоа веќе почнуваат да се адаптираат на трендовите. Adobe со Edge планира да си ја задржат својата позиција на најголем снабдувач на софтвери за креирање на веб страници.

Се разбира целта на Adobe Edge не е да го замени еден од најдобрите прозводи на Adobe, Adobe Flash, туку да биде алатка која ќе со надополнува со Flash. Бидејќи HTML5 е релативно нова технологија, сè уште има области каде не може да биде употребена во целост, како што е 3D гејмингот. Но, затоа Edge ќе го најде своето место таму каде поддршката за Flash е отсутна. Веќе е добро познат факт дека iOS уредите на Apple не подржуваат Flash, и најверојатно никогаш нема.

Adobe веќе има овозможено поддршка за HTML5 технологијата во своите прозводи, како што се DreamWeaver, Illustrator, и од скоро во Wallaby, алатката за конверзија од Flash во HTML5. Adobe Edge најпрво ќе се фокусира на најглавното, на енџинот за анимација. Во иднина се планира претставување на нови опции, како што е поддршка за канвас, поддршка за аудио и видео тагови, побогата поддршка за анимирање на SVG гравики и друго.

Adobe Edge моментално е достапен за бесплатно преземање од Adobe Labs, и е достапен за PC и Mac. Со стартувањето на Adobe Edge, Adobe покажува дека е зрела компанија која ги разбира потребите на дизајнерите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk