Дознајте ја иднината на интернетот со сајтот Think With Google

во Свет

Британскиот тим на Google стартуваше онлајн канал наречен Think with Google. Истиот тим е одговорен и за новото списание на Google, Think Quaterly, кое исто така може да се најде онлајн.

Веб сајтот е поделен на два дела, едниот ја содржи онлајн верзијата на Think Quaterly, а другиот дел е составен од Think Voices, видео портал кој содржи различни видеа слични на TED конференцијата. Think Voices ги покажува различните гледишта на познати маркетинг лидери, влијателни луѓе од дигиталниот свет и академици. Целта на овие видеа е да се покажат инспиративните идеи што овие луѓе ги имаат и сакаат да ги споделат. Овие видеа се однесуваат на најразлични теми од дигиталната технологија, и иднината на маркетингот.

Google UK во март го стартуваше првото издание на списанието Think Quaterly. Покрај онлајн изданието, кое може да го најдете на сајтот Think with Google, Think Quately е испечатено и во преку илјада примероци, наменети само за академици, извршни директори и медиуми. Првото издание содржи статии напишани од гостински автори, како и од вработени во Google. За второто издание, Google UK се имаат поврзано со своите колеги од Америка, и од сега печатеното издание на Think Quaterly е достапно и во Америка.

Ова списание има за цел да покаже дека Google е група на иноватори кои прават позитивна промена во светот. Во кратки црти, да покаже дека Google се најдобри. Без разлика на крајната цел, Think Quaterly, исто како и Think Voices, содржи навистина интересни идеи и статии напишани од светски извршни директори кои вредат да се прочитаат. Такво нешто сигурно нема да прочитате од македонски директори.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments