2 коментари 1 мин. читање

Google Docs ќе дозволи закачување на 10 GB фајлови за претплатниците

Поправка: Не станува збор за зголемување на просторот, како што првин пишавме, туку на големината на документите кои можат да бидат закачени. До сега максималната големина на еден документ можела да биде до 1 GB, а сега е до 10 GB. Се разбира ова е добра вест само за оние кои имаат преплатено дополнителен простор за складирање до 20+ GB. За жал, стандардниот бесплатен простор сè уште е 1 GB.

Google Docs е навистина одличен проект бидејќи ви овозможува да креирате и да споделувате најразлични документи, вклучувајќи PDF, Word, табеларни пресметки, презентации, и онлајн анкети. Бидејќи сите овие документи се зачуваваат онлајн, автоматски ви се достапни на било кое место, во било кое време.

Новина во овој веб сервис е што Google го зголеми просторот за складирање на документи во Google Docs од 1 GB на 10 GB. Овој потег ќе има за цел да го направи Google Docs поконкурентен во однос на другите сервиси кои нудат можности за споделување на секаков вид на документи, меѓу кои се DropBox (2 GB), Amazon Cloud Drive (5 GB), Box.net (5 GB), Apple iCloud и многу други.

Новина е што Google го „засили“ Google Docs со опција која ви ги сортира документите според важност, нешто слично на Gmail Priority Inbox.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top