Пред некој ден објавивме текст, совет за како да го додадете вашиот Facebook ѕид во Google+ стримот. Се работеше за додаток за Firefox и Chrome кој се инсталира лесно и функционира добро, може да се следат линковите постирани на Facebook преку Google+, можеше да се постираат статуси… звучи корисно нели за луѓе кои сакаат да ги користат двете мрежи, нели?
Но, тој текст сега е избришан бидејќи се чини дека е попаметно воопшто да не се инсталира тој додаток.
На Reddit се појави пост од RogueDarkJedi кој вели дека е Firefox програмер и кој го проверил кодот на екстензијата. Тој вели дека додатокот „е безбедносна ранливост која само чека да биде пробиена“, нешто со што се согласуваат и други корисници. Екстензијата зависи од далечинска надворешна Javascript што не е дозволена пракса од Mozilla заради безбедност на серверите. CrossRider, креаторите на апликацијата, ќе можат го натераат корисникот да инсталира други работи без негово одобрување. Екстензијата скенира имејл домени за да може потоа да ги натера вашите пријатели да ја користат екстензијата која исто така бара дозвола за пристап до повеќе информации одошто и е потребно. Oткако ќе го избришете додатокот од Firefox и Chrome, отидете во Facebook -> Application и тргнете ја Google+Facebook апликацијата.
На Reddit постот има и официјален коментар од CrossRider, платформата за креирање екстензии (налик на GreaseMonkey), кои ги отфрлија обвинувањата на RogueDarkJedi. Нивната преписка и останатиот дел од коментарите ќе ги најдете на Reddit.
Благодарност до Номче кој ни пиша во коментарите и ни посочи на пропустите на апликацијата и на овој пост на Reddit. Tnx! :)







