Во случај да сте фанови на Doom игрите и да сакате да проверите симпатична игра која е инспирирана од хитот на id Software, тогаш дефинитивно проверете ја Vouivre.
Направена од само три студенти, Vouivre е солидна акциона игра која започнува така што ве испраќа во напуштена непријателска база за да пробате да соберете што е можно повеќе плен и ресурси. Арно ама, како што е случајот во ваквите ситуации, напуштената непријателска база е далеку од напуштена и наскоро ја откривате вистинската вредност на самотијата и последиците од кршењето на таквата илузија.
Vouivre не е премногу голема игра и дефинитивно препорачуваме да ја преземете и да проверите со што трите француски студенти го одбележале крајот на нивното студирање.







