Македонскиот ИТ пазар забележал пад за 12.9 отсто со годишна вредност од 143.20 милиони долари во 2010-та, се вели во извештајот на IDC. Според аналитичарите, македонската економија се оправува од глобалната економска криза што значи дека се очекува враќање на ИТ пазарот во 2011-та. IDC предвидува дека ИТ потрошувачката ќе има пораст од 7.6%, и овој тренд ќе продолжи во 2012-та.
IDC објаснува дека во последниве години македонскиот ИТ пазар забележува различни технолошки трендови, каде падот на трошење на хардвер се намалува во последниве три години. Испораките на хардевер опаднале за 20% во 2010-та, а позначително, PC испораките во земјата опаднале за неверојатни 40% во 2010-та.
Од друга страна, четири години по ред се забележува пораст во инвестициите во софтверот. Продажбата на софтвер се зголемила за 8 отсто, додека ИТ сервисите забележале пад прв пат откако IDC го следи македонскиот пазар, односно пад од 5.2 отсто.
ИТ потрошувачка по глава на жител во Македонија е 70 долари, што е четврта највисока потрошувачка на Балканот иако разликите се очигледни. Словенија води со просек од 430 долари, Хрватска има 235 долари за трошење на ИТ, а српскиот граѓанин 95 долари. Македонските 70-те долари се само 8.1 отсто од просечната потрошувачка по глава на жител во Европската Унија.
(via IDC)








Да ми е да знам од кај ги извадија цифриве…
„Враќање на пазарот во 2011…” — досега нема, а помина преку половина година.
А домашните хардверџии — тие или преувеличуваат за да се фалат дека се најголеми, или кријат дел од пазарот, а сите живеат од продажба на телевизори и фотоапарати.
И од кај им се податоците за софтвер? Можеби од некои од големите светски компании, Microsoft, IBM… но 85% од софтверските компании во Македонија се микро-фирми, и не се сеќавам дека некој некогаш ги прашал колку продале.
АШто и да се очекува од „аналитичка” фирма која наплаќа за да те прогласи за „најуспешен” во браншата… (многу наводници, знам).