6 коментари 2 мин. читање

YouTube го претстави Cosmic Panda дизајнот

YouTube, преку својот инкубатор за идеи TestTube, тестира нов поелегантен и потемен дизајн. Овој нов дизајн го носи името Cosmic Panda и се уште е во тест фаза, што значи дека има големи шанси за понатамошно дизајн промени. Cosmic Panda е достапна за сите оние кои што сакаат да дознаат како би можел YouTube да изгледа во иднина.

Почетната страница на Cosmic Panda ви препорачува да погледнете повеќе ΥouTube карактеристики, меѓу кои се: да погледнете видео, во овој случај тоа е едно од најиритирачките видеа „Nyan Cat“, да отворите канал, поточно каналите на The Young Turks, The Cheezburger Network или HBO, и да погледнете како изгледа плејлиста. На оваа страница тоа е плејлиста со Рик Астли, што значи – спремете се за RickRoll.

Со новиот дизајн видеото ќе ви биде попрегледно бидејќи наместо бела, позадината сега е темна. Коментарите и предложените видеа се наоаѓаат под видеото, а ќе можете да бирате помеѓу нив што да ви биде прикажано. Има и опција за лесно менување на големината на видеото. Секако сега и рекламите се поистакнати, ќе се појавуваат од страна на видеата.

„Штом го пробате експериментот, поголемиот дел од YouTube ќе ви изгледа различно, вклучувајќи ги видеата, плејлистите и каналите.“, вели YouTube.

До сега со отварање на било кој канал автоматски се вклучуваше последното видео. Тоа сега е променето и иако во новиот дизајн хедерот на прв поглед изгледа како слика, кога ќе кликнете на него ве носи директно на видеото. Сета содржина е преуредена така што сега е достапна во три јазичиња кои се наоѓаат над хедерот. Станува збор за категориите Featured, Video и Community, кои претходно се наоѓаа веднаш до видеото.

Дизајнот на плејлистите e ист, сега полесно може да се промени големината на видеата, и ја нема опцијата Shuffle, која сметам дека требале да ја задржат.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top