0 коментари 2 мин. читање 14 јули, 2011

Израел шпионирајќи го Facebook притвори палестински активисти

Израелската влада користејќи ги Facebook спречи поголем број палестински активисти да го посетат солидарниот настан „Добродојдовте во Палестина“ на Западниот Брег за да ја подржат палестинската борба за независност и да протестираат за изралеската рестрикција на летови од и во овие спорните територии.

Израел го спречил активистите да да допатуваат од Европа во Тел Авив, следејќи ги нивните активности на друштвената мрежа. Власите преку Facebook ги дознале плановите за патувањето, и направила листа на имиња која е пратена до другите држави со барање да не дозволат одредени поединци да патуваат. При слетувањето во Тел Авив биле приведени 310 активисти, на испрашување, од кои на 69 им бил оневозможен влез во државата, четворица веднаш биле вратени во нивните држави, а oстанатите по испрашувањето биле пуштени да влезат.

Јиги Палмор, портпарол на израелското министерство за надворешни работи изјави за Associated Press дека оваа црна листа била составена од лица кои навеле на нивните друштвени профили дека планираат да предизвикаат немири на Западниот Брег. Организаторите пак на настанот изјавиле дека овој потег на израелските власти е провокаторски, застрашувачки и нелегален.

Овој случај јасно покажува дека Facebook не само што им служи на компаниите како алатка за маркетинг таргетирање, туку исто така им служи и на властите како ефикасна алатка за шпионирање.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top