0 коментари 1 мин. читање

Може ли да го запреме дезинформирањето со DeepFakes?

DeepFakes e следна генерација на манипулација на видео и аудио содржини и слики.  Манипулацијата е овозможена од развојот на вештачката интелигенција. Најчесто станува збор за замена на ликови или на различни видеа на пример ова видео на Силвестер Сталоне во Терминатор или манипулација со устата и видеото на некој говорник да изгледа дека кажува нешто сосем поинаку од оригиналната снимка. Видеата се креираат со помош на два спротивставни системи, едниот креира фалсификат, а другиот го препознава. Благодарение на ова фалсификатот станува се подобар, и на крајот е тешко да се препознае.

Засега најчесто се изработува лажна порнографска содржина, но стравувањето е дека во иднина би можело да се злоупотребуваат и во политички кампањи.

Откривањето на лажните видеа е можно, но потребно е време, кое можеби не е достапно.

Погледнете го интервјуто на Wired со експертот Сем Грегори.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top