Како да спречите работа на апликации во позадина

во Вести

Windows 10 е одличен оперативен систем, но се одликува со бројни апликации кои работат во позадина. Нема ништо лошо во тоа, се додека не го приклучите вашиот лаптоп на интернет преку вашиот телефон (hotspot). Во таа ситуации, вашиот дозволен интернет знае да се потроши за исклучително брзо време. Главните виновници? Апликациите во позадина.

Иако нивната работа во позадина е препорачана, она што би требало да направите е да се консултирате со листата од таквите апликации и да деактивирате некои (или сите) пред приклучување на интернет од вашиот телефон. За детален увид, кликнете Start и напишете Background apps. Од отворениот прозорец, исклучете ја опцијата Let apps run in the background за целосно спречување на апликациите да работат во позадина или изберете што да исклучите од долната листа.

Оние што би сакале да ги засукаат ракавите и да чепкаат директно во регистарот (не е пожелно за почетниците), би можеле да го направат следново нешто:

Отворете го уредникот на регистри така што ќе кликнете старт и ќе напишете Registry Editor. Откако ќе го отворите, пронајдете HKEY_LOCAL_MACHINE\ SOFTWARE\Microsoft\Windows. Десен клик и создадете нов клуч кој ќе се вика AppPrivacy. Внатре во папката, создајте DWORD (32-bit) Value. Именувајте ја LetAppsRunInBackground. Двојно кликнете на ова и наместете ја вредноста на 2. Кога ќе кликнете OK и откако ќе го рестартирате лаптопот, вашите апликации нема повеќе да се работат во позадина.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk