Code@FEIT ги повикува сите кои сакаат да се запознаат со програмирање

во ИТ.МК

Code@FEIT2019 е воведен курс за програмирање наменет за новозапишаните студенти на ФЕИТ со кој треба да се запознаат со основите на програмирањето. Иако приоритет имаат студентите, на предавањата може да учествуваат сите кои се заинтересирани да се запознаат со основите на програмирање.

Оваа година настанот се одржува седми пат. Целта на курсот е да се мотивираат младите да учат програмирање и да креираат софтверски апликации. Дел од курсот е и интерактивната настава, која ја покрива наставниот и соработничкиот кадар на Институтот за КТИ и кадар од Факултетската компјутерска лабораторија.

Како и на досегашните курсеви и на овој учесниците ќе се запознаваат со основите на програмирање и дизајнирањето на алгоритми. Во текот на курсот посетителите ќе научат како проблемите да ги претстават како алгоритам, а потоа и како код.

„Code@FEIT е особено успешна приказна, која седма година по ред ќе ја организира Факултетот за електротехника и информациски технологии. Повеќе од четиристотини слушатели од различни профили, во изминатите години, токму преку овој курс, се запознаа со основите на програмирањето. Наставниот кадар на Институтот за КТИ при ФЕИТ со задоволство ќе продолжи да го пренесува своето долгогодишно искуство и знаење на сите кои се заинтересирани да навлезат во тајните на програмирањето. Се надеваме на уште многу успешни настани“, вели вонреден професор Марија Календар, раководител на Институтот за КТИ при ФЕИТ.

За повеќе податоци може да ја погледнете веб страницата на ФЕИТ. Предавањата се одржуваат од 23 до 27 септември.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments