0 коментари 2 мин. читање 12 август, 2019

Кој го користи вашиот интернет?

Бавен интернет? Една од причините за таквото нешто може да биде и огромен број прикачени „домаќини“ на вашата мрежа. Во случај да сакате да дознаете кој сè се има прикачено и ја користи вашата WiFi конекција, потребно е да навлезете во рутерот, нешто што знае да биде фрустрирачко за помалку искусните. Наместо тоа, можете да добиете значително подобар преглед преку апликацијата Who is on my WiFi.

На едноставен и визуелен начин, Who is on my WiFi сервира податоци за името за мрежата која се скенира, како и податоци за IP и MAC адресата од уредот од кој ѝ пристапувате. Паралелно со ова, гледате колку уреди се приклучени на мрежата и, со еден тап, можете да добиете подетални увиди за DNS адреси, оперативен систем кој се користи, gateway aдреса, и слично. Во случај да не можете да препознаете некоја од приклучените направи, можете да ја одбележите истата и да ѝ прилепите етикета на натрапник, односно преку избирање на копчето Stranger. Тоа не значи и дека автоматски отсекувате пристап на направата во вашата конекција. Обично, за таквото нешто е потребно пристапување до уредот. Но, апликацијата Who is on my WiFi и за тоа ќе ви излезе во предвид.

Дополнително нешто што нѝ се допадна е скенирањето промени во реално време. Тоа значи дека ако во некој момент некој нов ви се приклучи на конекцијата инстантно ќе добиете известување.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top