0 коментари 2 мин. читање

LulzSec се растури, им било досадно или можеби привлекоа премногу внимание

50 Days of Lulz statement: http://t.co/GbAD070 | Torrent: http://t.co/lGsJ4PU Thank you, gentlemen. #LulzSecless than a minute ago via web Favorite Retweet Reply

„Не се откажуваме бидејќи ни е страв од властите. На медиумите им станува досадно од нас, на нас ни стана досадно од нас.“, вели еден член од групата за Associated Press.

Но, власите секако дека се заинтересираа за групата коja во последниве неколку дена започна да таргетира сајтови на CIA, на американскиот Сенат, и сајт поврзан со FBI. Oткако привлече големо внимание, групата стана мета и на други хакери кои започнаа да ги откриваат членовите на LulzSec. Guardian дојде до чет логови од LulzSec од кои се дознава дека хакерот Sabu е 30-годишен безбедносен консултант кој ги води останатите шест члена од групата, хакерот Kayla обезбедува ботнет мрежа, а Topiary го води Twitter профилот, тој претходно бил ПР лице за интернет активистите Anonymous. Според хакерот Jester, кој им објави војна на LulzSec, и други две хакерски групи, LulzSec биле заинтересирани да извлечат пари од безбедносни компании за возврат на украдените податоци.

Дали LulzSec се уплашија од затвор, еден нивен член, 19-годишниот Рајан Клерли, беше уапсен во Англија неколку дена претходно, дали не сакаа да бидат мета на други, кои ги разоткрија, дури и ги постираа нивните Facebook страни, или пак навистина се работи за досада, ќе биде јасно само за нив.

Групата се повлече, но со најава дека ќе објават 5 гигабајти податоци од владини сајтови во наредните недели. Можеби беа најгласни од сите други, но тоа што останува е дека не се единствените хакери кои се заинтересирани за светска слава и кои ќе пробаат да продолжат да хакнуваат страни за ‘lulz’ или во потрага во вредни информации.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top