Идејата зад мобилниот паричник е да се поедностави плаќањето, односно наместо да користите кеш или кредитни картички кои во овој случај се една работа повеќе за носење, вие го имате паметниот телефон кој е секогаш со вас бидејќи е повеќе мини компјутер одошто телефон.
„Бидејќи е апликација ќе може да правите многу повеќе со неа одошто со обичен паричник. Ќе можете да ги складирате вашите картички, понуди и купони без потреба да ги носите…. Еден ден ќе може да ги сместите и авионските карти, личната карта и клучевите во Google Wallet.”, вели Google.
За безбедност Google најави дека ќе се користи заклучување на телефонот, Google PIN и енкрипција на информациите на кредитните картички.
За почеток Google Wallet плаќањата ќе бидат само за Nexus S 4G телефонот, подоцна на други, и ќе можноста за плаќање преку него ќе го има во продавници ширум САД.







