Бројката на лажни и-мејлови е огромна, а измамите кои се пласираат во нив знаат да бидат исклучително софистицирани и со огромни последици.

Во случај да се прашувате до кој степен е развиена вашата перцепција за разликување измамнички од легитимни и-мејлови, би можеле да го проверите новиот онлајн квиз на Google.
За да го тестирате вашето изострено шесто сетило, потребно е првин да оставите име и и-мејл адреса кои, чисто да напоменеме, можат да бидат лажни. Потоа, ќе ви биде понуден еден и-мејл кој треба да го одбележите како легитимен или како лажен. Сите scam и-мејлови се засновани на вистински напади, како тој од 2016 година, кога хакери, работејќи со руската интелигенција, добија пристап до и-мејл акаунтот на менаџерот на Хилари Клинтон. Еден друг и-мејл го прикажува огромниот напад од 2017 година, направен врз корисниците на Google Drive. Во зависност од вашиот одбран одговор, ќе добиете објаснување зошто и-мејлот е вистински или лажен, како и совети за побезбеден престој на интернет.
Тестот е продукт на Google Jigsaw, чиј примарен фокус е како технологијата може да помогне да се решат социјални и политички проблеми околу светот. Менаџерот на Jigsaw, Јастин Хенк, објасни дека еден процент од сите и-мејлови се обиди за фишинг, што, според неговите анализи, е една од најчестите форми за сајбер напади.