7 коментари 1 мин. читање

Facebook воведе нови безбедносни опции за логирање

Во случај да видите логирање од неодобрен уред, ќе ви биде побарано од следното логирање да го верификувате пристапот. Ако не го препознаете логирањето, ќе ви биде понудено да ја промените лозинката. Ако го изгубите телефонот, тогаш ќе може да пристапите од познатите компјутери и да одобрите пристап преку друг уред.

Опцијата се стартува од ‘Login Approvals’ од ‘Account Security’ менито.

Ова е уште еден обид за побезбедно логирање на Facebook, покрај лозинки за една употреба и далечинско одлогирање, се со цел да ги сопре измамите и кражбите на профили и податоци.

За подобрување на безбедноста Facebook мотивиран од откритието на Symantec, исто така ќе се префрли на отворениот стандард OAuth 2.0 за логирање. Се бара од развивачите на апликации да се префрлат на овој стандард до 1 септември и да обезбедат SSL сертификати до 1 октомври.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

7 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top