1 коментар 1 мин. читање

Фатен на дело! Facebook најмил новинари да шират лаги за Google

Social Circle е алатка која дозволува Gmail контактите да ги видат пријателите на пријателите, како „второстепена конекција“ како што вели Google, додека г. Голдман ја продавал приказната дека е алатка „дизајнирана за директни нарушувања на Google договорот со FTC [американска агенција за заштита на потрошувачите]“.

Лагите биле откриени откако блогерот Кристофер Согаин ја објави имејл преписката во во која г. Голдман призна дека го плаќаат да ја шири приказната, но без да го каже изворoт.

Интересно, додека сите покажуваа со прстите кон Apple и Microsoft, се испостави дека Facebook го најмил г. Голдман. Портпарол од друштвената мрежа вели дека го најмиле поранешниот новинар бидејќи веруваат дека Google прави нешто што ќе ја наруши приватноста и бидејќи Google се обидува да искористи Facebook податоци за свој друштвен сервис.

Секогаш критички расположениот Мајкл Арингтон од Techcrunch има интересен коментар во кој го оценува овој потег на Facebook како „глуп“ и од кој може да се видат три нешта:

  • дека на Facebook му е страв од Google,
  • дека ако Facebook се однесува кукавички во битка тогаш не може да му се верува бидејќи може да се активира во кукавучки кампањи,
  • дека иако критицизмот кон Google е точен, сепак сега не е валиден.

Ваше мислење?

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top