0 коментари 2 мин. читање 6 декември, 2018

Ресторан во Токио вработува парализирани луѓе да управуваат со роботи

Ресторан во Токио во кој служат роботи вработува луѓе со ALS и повреди на рбетот. Овие работници управуваат со роботите кои ги послужуваат гостите во ресторанот.

Dawn Cafe им овозможува на луѓето со парализа да заработат управувајќи со робот креиран од старапот Ory. OriHime-D е хуманоиден робот висок 120 сантиметри со кој се управува од далечина. Роботот има сензори, микрофони, камери, може да се движи и да поместува предмети.

Идејата на стартапот е да им помогне на луѓето со вакви попреченост да придонесуваат и да добијат улога во општеството. За жал тестовите траат до 7 декември. Што ќе се случи со технологијата по тест периодот е засега непознато. Сепак според најавата не треба да се очекува дека кафулето ќе отвори пред 2020 година, пренесе Nextshark.

Во последно време вакви вести каде роботи отвораат нови работни места се ретки. Ова е еден интересен пример во кој технологијата им помага на луѓето кои имаат попреченост да пронајдат работа и можност да се чувствуваат корисни.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top