0 коментари 1 мин. читање

iPhone 5 пристига во септември

Аpple повеќето компоненти за iPhone ги купува од азиски базирани компании и доставувачи. За некои компании Apple e дури 20-40 отсто од нивниот бизнис. Примери за такви компании се Largan Precision за производство на модулот за камерата, Wintek Corp. за екранот на допир и Foxconn Technology кои ја произведуваат рамката а телефонот.

Проблем за Apple може да бидат компаниите од Јапонија која беше зафатена од земјотресе и цунами, со што ќе се успори производството на екрани со допири и флеш меморија.

Се очекува, пишува Reuters, Apple да пријави уште еден „спектакуларен“ фискален квартал во среда, и покрај грижата за дали доставувањето ќе може да одговори на барањата за продажба на iPhone и iPad. Овој проблем се појави со iPad 2 каде недела дена од претставување на таблетот, Apple мораше да ги одолговлече нарачките поради преголема продажба.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top