0 коментари 2 мин. читање 17 октомври, 2018

Откријте повеќе од 2500 бестселери со Blinkist

Blinkist се рекламира како апликација која ви дозволува да прочитате четири книги во еден ден. Она што всушност се крие зад таквото ветување е нудење кратки прегледи на над 2500 бестселери.

Преку бесплатен пробен период или претплата, можете да се втурнете во петнаесет минутно впивање на главните идеи кои се провлекуваат низ најпродаваните книги кои не се фикција. Сервирањето на клучните информации е во пишана или аудио форма. Книгите кои ви се нудат се во зависност од вашите претходно одредени интереси, а, доколку сакате, лесно можете да ги прелистувате долгите дигитални полици и во зависност од темата. Сè што прочитате, можете да го сочувате во вашата лична библиотека.

Нема никакво сомневање дека Blinkist е исклучително корисна услуга за сите оние кои сакаат да го извлечат најважното од книгите без да губат многу време. За тоа колку е ефикасно таквото нешто, би можеле и самите да дознаете така што бесплатно ќе ја проверите услугата или ќе започнете годишна претплата од 80 долари. Оние кои се импресионираат од идејата, но не и од барањето за финансиска посвета, имаат на располагање и секојдневен бесплатен пристап до претходно одбрани кратки прегледи на одредени книги.

Blinkist се испорачува и како апликација за Android и iOS.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top