0 коментари 1 мин. читање

3Д слики за поубав Facebook

Најголемата друштвена мрежа додаде нова функционалност која на корисниците ќе им овозможи да си додадат 3д слики. Станува збор единствено за „козметичка“ промена, а и сликите кои ги додаваат која го прави изгледот на Facebook поинтересен.

Не станува збор за вистински 3Д-слики туку за ефект кој се остварува благодарение на камерите на iPhone. Со ова се креира еден вид на слика со длабочина, што овозможува и минимална анимација.

Засега функционалноста е единствено достапна на iPhone. Функционалноста го користи начинот на кој овие телефони фотографираат и креираат неколку слоеви на фотографиите. Ова е овозможено бидејќи се слика со двете камери, а растојанието помеѓу  камерите го овозможува овој ефект.

Идејата е да се олесни креирањето на содржина за виртуелна реалност и со тоа да се направи друштвената мрежа поинтересна. За жал уредите за виртуелна реалност не се доволно раширени, па овој псевдо 3Д ефект ќе овозможи малку посвеж изглед на Facebook, вели TechCrunch.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top