Сета таа негативна фама околу видеото го направи вирален хит, со скоро 34 милиони прегледи на видеото, a бројката се зголемува секоја секунда. Ребека Блек, во интервјуто за Добро утро Америка, вели дека е повредена од коментарите, но не мисли дека е најлошата пејачка.
Видеото досега има 261.304 „дислајкови“, 30.576 „лајкови“ и има скоро 200.000 коментари. Очигледно е дека песната иако можеби не е најлошата досега, е една од најбесмислените досега направени. Видеото си доби и куп свои пародии и исмејувања.
Што мислите вие, иако овојпат бројките кореспондираат со вистинската слика, дали Youtube е приказ на вистинското јавно мислење и објективен критичар, или само трол?








Конечно полош текст у песна од нашите текстови за песна за евровизија :)
Песната има многу epic текст:„ денес е петок, вчера беше четврток, утре е сабота, а потоа недела. Не сакам овај викенд да заврши“
Чупето, добро пее, не пее супер но сепак пее подобро од мноогу од популарните имиња. Но пазете, овие популарни имиња имат одено одено на часови по пеење, колку што ова нема живеено.
Ако на девојчето му е гајле, малце ќе се смеат ќе помини за брзо. Веќе песната има 40м гледаност, а моја претпоставка ќе оди до кај 100м и ќе застани. Ова гледаност веќе почнува да се исплати на големо. Веќе според некој пресметки, за 40м гледаност се добиват околу 1,5 милиони долари од youtube. Продукцијата ќе земи малце, и женската ќе си има цел живот да го живее американскиот сон.
Па не е де толку катастрофа песната :D сме виделе и полошо